Нова ултрамодерна продавница на 1-от кат во Охрид Мол.
На 25 јуни познатиот македонски бренд „Sara Fashion“ со одличен настан и голема посетеност го отвори својот најнов продажен салон од 400 квадратни метри, со кој брендовите Sara Fashion и Sara Fashion Home добиваат нов ултрамодерен концепт на продажен простор.
Релокацијата и лансирањето на целосно новиот продажен концепт, дизајниран според највисоките светски стандарди, има за цел на купувачите да им овозможи незаборавно шопинг искуство, голем избор и максимална удобност.
На едно место, имавме можност да го видиме најбогатиот избор досега: нови летни колекции, висококвалитетни парчиња долна облека, ексклузивни пижами, модерни костими за капење, додатоци за плажа и сите останати парчиња и колекции од широката понуда на „Sara Fashion“.
Во делот посветен на уредување на домот нѐ пречека огромна понуда на производи и детаљи кои придонесуваат за модерни ентериери, и внесуваат удобност и свежина во секое катче од домот.
Како инспирација и подарок за верните купувачи Sara Fashion подготви специјална промоција која трае од денот на отворањето 25 до 28 јуни – 20% попуст на целиот асортиман во салонот. Настанот означи одличен почеток на новата летна сезона во Охрид.
Големото отворање привлече голем број на посетители и верни купувачи на Sara Fashion, а не изостанаа и изненадувањата. Уживавме во возбудливиот летен ДЈ-ски сет и освежувањето со летни коктели, за одлична атмосфера и навистина впечатлив настан.
Доколку сте во Охрид, не пропуштајте да го посетите новиот продажен салон „Sara Fashion“ и „Sara Fashion Home“, отсега на 1-от кат на најатрактивната локација во Охрид Мол!
OhridNews I PR
Фото: Анамарија Момироска








































































