Утре, во Охрид ќе започне 16- та летна школа на ЕПСА Европска фармацевтска студентска асоцијација, на која ќе учествуваат над 150 студенти по фармација од цела Европа. Целта е да се прошират знаењата во полето на фармацијата преку предавања и работилници.

Организатор на овој европски настан е Студентскиот парламент на фармацевтскиот факултет.  

Свеченото отварање на школата, која ќе трае до 27- ми јули,  е утревечер со почеток во 20 часот во хотел „Климетица 2“.

OhridNews