Од 10 до 13 мај, во организација на Институтот за правно-економски истражувања и едукација, ќе се одржи 4-та меѓународна конференција „Охридска школа на правото 2018“. Тема на годинешната конференција е „Реформите во правото, чекор поблиску до владеењето на правото“, а ќе учествуваат еминентни имиња од областа на правото од Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија.

На свечено отварање пред присутните ќе се обратат д-р Драги Рашковски-Генерален секретар на владата на РМ, Ацо Петров-претседател на комората на стечајни управители на РМ, Зоран Димов-претседател на комората на извршители на РМ. Во текот на конференцијат аќе се извршат и промоции на зборници, а ќе бидат презентирани и неколку научни трудови.

Конференцијата ќе се одржи во Конгресниот центар во Охрид.

OhridNews