Од денес до 19 јуни Охрид е домаќин на 15- та по ред годишна конференција на Форумот на европските комерцијални регистри, насловена „Интероперабилност и соработка меѓу бизнис регистрите во Европа – транспарентни и ефикасни бизниси“.

На конференцијата ќе земат учество претставници од сите европски бизнис регистри, од меѓународни организации на бизнис регистри од САД и од Азија, како и од Светската банка и од Европската комисија. Конференцијата ќе биде платформа за учесниците да разменуваат искуства во врска со националните системи за регистрација, најновите достигнувања, улогата и одговорностите на бизнис регистрите, оперативните и управувачките практики и процедури, технологиите што ги поддржуваат процесите и начините на приспособување на новите трендови за регистрација.

Домаќин на средбата е Централниот регистар на Република Македонија.

OhridNews