Министерот за надворешни работи Никола Попоски  ќе го отвори првиот „Летен камп“ за деца припадници на македонските национални малцинства од соседните држави, кој од денес до 19-ти август ќе се одржува во Охрид.
Овој настан е дел од проектот на Владата на Република Македонија – „Далеку, а блиску”, а главна цел е подигање на нивото на познавањето на македонскиот јазик меѓу припадниците на македонските национални малцинства во соседните земји и македонските заедници во дијаспората.
Со овој настан, како што информираат од македонското МНР,  треба да се подобри познавањето на мајчиниот јазик на целната група и едновремено да се создаде поголемо заедништво помеѓу Македонците од соседните земји. Покрај конвенционалната настава по македонски јазик, ќе биде организирано и учење низ игра и забава, а во текот на неделата ќе бидат посетени повеќе значајни културно – историски места во Охрид и околината.
Во иднина се предвидува „Летниот камп” да прерасне во традиционален настан и истиот да се одржува секоја година како собир на најдобрите ученици кои ги посетувале разните модалитети на изучување на македонскиот јазик во соседството и дијаспората.
OhridNews