Женската јуниорска ракометна репрезентација на Македонија на престојното СП натпреварите од Д групата ќе ги игра во ОХрид.

Од понудените градови домаќини за СП кое од 21 јули до 3 август ќе се игра во Македонија, инспекцијата на ИХФ ја одби кандитатурата на Гостивар поради немање доволно сместувачки капацитети.

Скопје ќе биде домаќин на група А, Гевгелија на Б групата, а во Виница ќе биде група Ц.

Разигрувањето во втората фаза ќе се игра во Скопје и Охрид, а за пласман од 13 до 20 место Виница и Гевгелија.

Македонија во Охрид во рамките на мечевите од Ц-групата ќе игра против Кореја, Хрватска, Бразил и Океанија.

Ohridnews