На заедничката средба на градоначалниците на Охрид Александар Петрески ,на Струга Рамиз Мерко и на Поградец  Артан Шкемби ,  била прифатена иницијативата на градоначалникот Петрески- во месец септември, во Охрид да се одржи првата европска конференција на крајезерски градови.


На средбата на која присуствуваа претставници на Швајцарската амбасада во Македонија,асоцијацијата SECO, Светска банка  и Интернационалната финансиска корпорација IFC, била изразена поддршка за овој голем проект и било ветено дека во неговата реализација  ќе се вклучат уште неколку светски познати асоцијации.

Договорот е седиштето на Асоцијацијата на крајезерските градови од Европа да биде во Охрид , а на првата конференција се очекува да учестуваат над 100 градоначалници или нивни заменици.

OhridNews