Откривањето на археолошкото богаство во гробниците од 5 век п.н.е., кај Горна порта и Концертот на познатиот композитор на филмска музика, Енио Мориконе на отворањето на Охридско лето, се вброени, меѓу  највпечатливите културни настани во Република Македонија, за 2009 година.

Непроценливото археолошко богатство од златен накит, кое во Охрид беше пронајдено во текот на месец јули, датира од македонско- хеленистичкиот период, од кога  потекнува и Златната маска која беше откриена во 2002 година. Ова археолошко богаство има големо значење, не само за Охрид, туку и за целата македонска историја.

Со концертот на познатиот композитор на филмска, музика Енио Мориконе, на 12 јули, свечено беше отворено 49-то „Охридското лето“. Овој концерт,  беше  најголемиот музички настан, што оваа година се одржа во Охрид. На сцената на Античкиот театар, Мориконе диригираше  со околу сто музичари и со исто толку хористи. Бројните гости од Македонија и од странство, на концертот имаа несекојдневна можност, во живо да ја слушаат  легендарна филмска музика, на еден од најголемите светски композитори.

Ohridnews