Александар Блажевски е новиот директор на поп вечерта на реномираниот музички фестивал “Охрид фест – Охридски трубадури”, кој годинава ќе се одржи по 21 пат.

-Со оглед на долгогодишното искуство и опсежната музичка и ТВ кариера на Блажевски, станува збор за сосема логичен след на настаните. Да потсетиме дека Александар Блажевски цели 6 години беше дел од Охрид фест. Воедно тој е првиот македонски член на жири во престижниот американски “Идол” на Балканот во 2005та, редовен член на жири комисијата на “Сунчане скале”, член на жири на фестивалот “Еуро гран–при” во Албанија, пет години одговорен уредник на музичкиот магазин “Бекстејџ”, како и водител и уредник во Радио Слободна Македонија.-информираат од Секторот за односи со јавност на Охрид фест – Охридски трубадури.

Фестивалот кој годинава ќе се одржи од 20ти до 23ти август, во живо ќе го пренесуваат 11 странски телевизии, меѓу кои и националната ТВ Шансона од Русија.

Овогодинешното издание на “Охрид фест” почнува на 20 август со “Чунга Лунга” детската вечер, следуваат фолк и поп вечерта, а фестивалот ќе  биде заокружен на 23 август со интернационалната вечер.

OhridNews