Во празнична еуфорија Охрид ги одбројува последните часови до Новата година.  Славењето во охридските кафулиња и ресторани веќе почна, а организиран дочек има и во поголемиот број хотели. Весело се очекува да биде и на градскиот плоштад каде со голем музички хепенинг охриѓани и бројните
гости ќе ја испратат старата година и ќе си го честитаат доаѓањето на
Новата година, посакувајќи си желби за здравје. љубов и успех.



– Охрид е подготвен за дочекот на новата 2010 година. Охрид и годинава е еден од најубаво украсените градови во земјата. Оваа година гостите на градскиот плоштад ќе ги забавува „Аренси бенд“, кои се познати по добрата музика, а како еден вид изненадување, гостин на вечерта ќе биде и познатиот српски пејач Бојан Бјелиќ, кој имаше желба самиот да настапи во Охрид затоа што го сака градот и неколку пати веќе има настапено на фестивалот „Охрид фест“, ни изјави Ванчо Јованоски од кабинетот на градоначалникот на општина Охрид.


Ванчо Јованоски

Дочекот на Новата година ќе биде означен со голем огномет над Охридското Езеро.

Ohridnews