
Министерството годинава ќе се фокусира и на подготовката на посебниот закон за Охрид и охридскиот регион, како и на измените на Законот за култура и Законот за авторски и сродни права.
Од поголемите проекти зацртани за првиот месец од годинава е и поставувањето камент – темелник за изградба на спомен-куќа за Тоше Проески, на 25 јануари, неговиот роденден.
Министерството за култура потпишува и договори со домашни и странски уметници за изработка на портрети и сцени од македонската историја наменети за музејскиот комплекс „Македонска борба“. Исто така, се изработуваат и восочните фигури.
Ohridnews












