Туристичката понуда на Охрид ќе биде презентирана на саемите во Истанбул од 10 до 13 февруари, во Софија од 17 до 19 февруари и во Белград од 24 до 27 февруари оваа година, информира Локалната самоуправа.
Презентациите на Охрид ги организираат Секторот за туризам и локален економски развој при локалната самоуправа, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и претставници на хотелско- угостителскиот еснаф.












