Кога сонцето ќе зајде зад Галичица, а Охридското Езеро ќе ги обои летните ноќи, ритамот ќе го преземе Rebel. Едно од најпознатите места за ноќен живот во градот ова лето подготвува програма што без дилема ќе го позиционира Охрид на мапата на најинтересните регионални дестинации за љубителите на електронската музика.
Во текот на јули и август, на сцената на клубот „Rebel“ ќе настапат артисти од најголемите светски фестивали и клубови.
Летната сезона започнува на 11 јули со ANII, продолжува со Nakadia (18 јули), а кулминацијата се очекува на 25 јули, кога во Охрид пристигнува легендарниот Sasha. Тој е еден од пионерите на модерната електронска музика, диџеј чие име повеќе од три децении е синоним за врвна продукција и незаборавни настапи. Заедно со него ќе настапи и Chris Bowl.
Во август следуваат уште четири ексклузивни вечери, Victor Ruiz со специјален гостин (2 август), Christian Smith (8 август), Anna Reusch (15 август) и Adrianna (22 август), со што програмата ветува континуитет на квалитет и енергија до самиот крај на летото.
Но, приказната не завршува тука.
Покрај гостувањата на светските ѕвезди, Rebel ќе биде дом и на најдобрите македонски диџеи и продуценти, кои ќе ја збогатат летната сезона со настапи што ја потврдуваат зрелоста и квалитетот на домашната електронска сцена.
Комбинацијата на интернационални музички имиња, домашни артисти, современа продукција и препознатливата атмосфера, ветуваат уште едно незаборавно лето во Охрид кој ова лето нема само да биде туристичка дестинација, туку место каде ќе се слуша пулсот на светската електронска музика.
OhridNews











