И оваа година ЛК Лихнидос на симболичен начин се придружува кон одбележувањето на 17 ноември, Меѓународниот ден на прерано родените деца.

“Градот вечерва и утревечер ќе биде обоен во виолетова боја, заштитниот знак на прерано родените деца.” – изјави Проф. Д-р Зоран Тунтев, иницијатор на акцијата.

Охрид никогаш не ги заборава овие тивки херои, овие најмали но најголеми јунаци. Според податоците од Светската здравствена организација, во светот годишно над 15 милиони храбри мајки имаат проблем со предвремено пораѓање. Секое осмо дете всушност се раѓа предвреме и уште од првиот свој здив жестоко се бори за живот.” – потенцираше Професорот Тунтев.

Со овој чин Охрид секоја година се вбројува во листата на близу 200 градови од преку 70 земји низ цел свет, кои ги обојуваат најзначајните знаменитости во пурпурна боја.

OhridNews