Загревањето за дочекот на Новата година на градскиот плоштад  ќе започне со Боби Мојсоски, Дејан Спасиќ и други млади музички надежи од Охрид околу 22 часот информираат од Локалната самоуправа. На сцена потоа стапуваат Кербер, Денис Мурат, Аренси бенд, Ѓоко Танески и Влатко Илиевски.

Надлежните информираа дека за ангажман на естрадните уметници Локалната самоуправа ќе издвои околу 2500 евра, а дел од изведувачите ги обезбедува фестивалот „Охридски трубадури“ како дел од соработката со градот.

Новата 2012 година ќе биде дочекана со голем огномет над Охридското Езеро.

OhridNews