На 3 и 4 јули Охрид повторно станува главна коктел дестинација. Охриѓани и посетителите и годинава ќе може да уживаат во коктели што раскажуваат приказни, музика што ги спојува луѓето и одлична атмосфера во рамки на годинешното издание на Ohrid Cocкtail Festival.

Во тој дел ќе имаме компании коишто ќе се промовираат, дел ќе вршат и дегустација, ќе биде како едно „Бар Шоу“. После тоа, двата дена од 20:00 часот до 01:30 имаме музичка програма и започнуваат баровите со работа. Оваа година имаме 14 барови и имаме плус уште еден град, односно имаме барови од Охрид, Скопје, Прилеп и Велес. Сите барови ќе излегуваат со сопствени коктели, коишто ќе ги продаваат по промотивна фестивалска цена. Во поглед на програмата, исто како лани, имаме поп-рок музика, односно диџеи и бендови, велат организаторите.
Музичката програмата започнува од 20 часот, а посетителите првата вечер ќе ги забавуваат Urban Planet, No FUN, DJ Vanco, DJ Jaybeats и DJ Gec. Вториот ден повторно од 18:00 часот ќе има „Бар Шоу“, a подоцна од 20:00 часот започнуваат баровите и музичката програма. Оваа вечер за забавата ќе бидта задолжени DJ Dostin, DJ Mario кој ја отвора втората вечер, потоа Brass Brothers и на крај вечерта, односно фестивалот го затвора DJ Face.

Бевме позитивно изненадени кога почнавме со огласот за годинава, сите барови веднаш ја прифатија понудата. Имавме уште многу други барања, но поради ограничениот простор и број на барови, моравме да направиме некоја селекција. Ланската година помина одлично, имавме преку 10 000 посетители во двата дена заедно, што за прва година беше стварно изненадувачки за нас. Оваа година сме уште поподготвени, еуфоријата е уште поголема, очекуваме уште поголем број на посетители, некаде околу 15 000. Имаме позитивни реакции и од баровите, и од промо зоната, односно од компаниите, а и исто така од посетителите. Гледаме дека и бројките на социјалните мрежи ни растат многу, така да, годинава интересот е двојно поголем за самиот фестивал, потенцираат.
Плановите се Фестивалот да се развива од година во година, да се внесуваат новитети, како што годинава е тоа со „Бар Шоуто“, следните да биде со барови надвор од Македонија.
Следната година планираме да имаме и некој интернационален бар, односно да почнеме некаде од Балканот. И за годинава имавме некои иницијални најави и интерес, но сметаме дека е втора година и дека е уште рано. Заинтересирани имавме барови од Хрватска и Белград, но ете да оставиме за следната година. Целта ни е да растеме. Следна година сметаме дека ќе може да се прошириме, па да воведеме еден до два барови од Балканот. Па во следните години, зошто да не и од Европа да донесеме барови, додаваат организаторите.

Н.С.Ј.












