Од „Охрид пред се“ ги истакнаа забелешките, предлозите и пораките од граѓаните кои ги нотирале при непосредните многубројни средби преку кои на охриѓани им ги презентирале своите програмски цели. Единствен заклучок е констатацијата дека Охрид е заборавен град од централната власт, која и да била, во изминатите 30 години, вели Леона Кичеец кандидат за советник.

На прес конференција Кичеец ги истакна социјалните прашања кои ги констатирале при средбите со граѓаните

Како може најголемиот, а за волја на вистината и единствениот туристички центар на Република Македонија да нема никакво автопатско поврзување, да нема железница и да нема марина? Како може духовната престолнина и најзначајниот културен центар во Македонија да нема театар, концертна сала и библиотека, достојна на неговото реноме? Како може градот на Атина и Дики Бојаџи, Климе Савин, Леко Радиќ и другите пливачки легенди сеуште да нема затворен пливачки базен? – вели Кичеец.

Таа ги повика  политички чинители во оваа изборна кампања, особено од големите политички партии да ги надминат сите теснопартиски и лични интереси и со политички консензус да се дефинираат стратешките приоритети на градот, со што Охрид ќе биде пред се.

К.А.