Охридските улици денеска се преполни со смет од домаќинствата. Поголемиот дел од вработените во јавното претпријатие ” Охридски комуналец” веќе два дена штрајкуваат со барање да им се исплатат заостанатите плати.


Дирекорот на претпријатието, Павлоски е загрижен за состојбата, а вината ја префрла на битолскиот суд.

” Заради неисплатената јануарска плата, поголемиот дел од вработените не ги извршуваат своите задачи, но се прават напори да се стави состојбата  во нормала. И денеска го очекуваме позитивното судско решение од второстепениот суд во Битола од каде ќе ни биде дозволен минимум средства за извршување на основната дејност и за враќање на долговите кон старите доверители”, изјави Павлоски.

Ohridnews