Охрид се потсети на делата на родољубот, преродбеник и револуцуионер Никола Исаија Чудов
11.07.21 18:33
Во дворот на црква Св. Богородица Перивлепта, денес се одржа свеченост по повод возобновување на автентичната плоча, поставена во чест на Никола Исаија Чудов, кој на ова место го засадил дрвото кочеџик, тогаш по повод илјада годишнината од упокојувањето на Првоучителот Свети Методиј.
Овој чин, како што беше истакнато, е од непроценливо значење за потомците на Никола Исаија Чудов и е резултат на долгогодишно и неуморно залагање на бројни генерации, меѓу кои и на неговите потомци Марија Лебедик и Евгенија Анѓелкоска.
За организацијата на овој настан добивме благослов од неговото Првосвештенство Господин Тимотеј Митрополит Дебарско – Кичевски. Искажувам и особена благодарност до отец Наум. Особено благодарност чувствуваме и кон Лајонс Клубот Лихнидос од Охрид. Благодарност до Културолошката иницијатива „5 до 12“ и до Ансамбалот „Билјана“ за искажаната почит кон ликот на нашиот славеник. – истакна Евгенија Анѓелкоска, потомок на Чудов.
Охриѓанецот Никола Исаија Чудов бил револуционер, литературен творец, учител, преродбеник, а пред сѐ Македонец. Човекот кој стоел позади огранизацијата за засадување на ова свето дрво во дворот на црквата Света Богородица Перивлепта и кој истиот чин го овековечил со стихови.
Роден во 1865 година, три класа гимназија завршил во родниот град, но за жал немал услови да си го продолжи своето образование, па извесен период работел како писар во Охридската митрополија. Учителствувал во повеќе села од охридскиот, струшкиот и дебарскиот крај. Овој охридски и македонски преродбеник во најново време го откриваме и како литературен товрец.
Вредноста на Чудов и на неговата оставнина беше презентирана преку откривањето на возобновената спомен плоча со истата строфа од песната која во 1986 година кустос Никола Целакоски одлучил дека најдобро ја илустрира личноста на Никола Чудов и причината зошто ова свето дрво се наоѓа токму тука.
На свеченоста ансамблот „Билјана“ ја изведе познатата песна за Христо Узунов напишана токму од Никола Исаија Чудов.
Седми ден студенскиот дом „Никола Карев“ во Охрид е без електрична енергија поради неплатени сметки и долгови На ваквата состојба реагира и директорот на установата м-р Жарко Куциноски кој вели сту...
Со средства обезбедени од Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) успешно е реализирана изградбата на централен цевковод за медицински кислород за интернистичкиот блок во ЈЗУ Општа б...
Согласно измените во Календарот за 2026 год за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, ЈП „Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците „Железничк...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.