Со богата културна и свечена програма Општина Охрид ќе оддаде почит на делото и значењето на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј чии просветителски вредности оставиле траен белег во словенската култура и духовност.

Следниот ден, 22 мај, е предвидена изложба и работилница од областа на калиграфијата во организација на Српското друштво „Коштана“ од Врање, што ќе се одржи во Куќата на Робевци од 17:00 часот.
На 23 мај ќе се одржи научната конференција „Континуитетот на Кирилометодиевската традиција изразен во Охридската книжевна школа“ во Конгресниот центар во Охрид со почеток во 10:30 часот каде обраќање ќе имаат градоначалникот Кирил Пецаков и претставници на академската заедница.
На Денот на просветителите, 24 мај, ќе се одржи традиционалната програма „По стапките на светите Кирил и Методиј“, во рами на која ќе биде положено свежо цвеќе пред споменикот на светите браќа и ќе бидат доделени награди за најдобри ученици од основните и средните училишта кои постигнале значајни резултати на регионални и државни натпревари. Во 11 часот ќе се одржат Панихида и свечена приредба во Домот на култура „Свети Кирил и Методиј“.
Во рамки на чествувањата во 12:30 часот ќе биде промовирано и десеттото јубилејно издание на Фестивалот на поезија за деца „Стихувалки“, а вечерта ќе биде заокружена со концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче“ и беседа посветена на Светите Кирил и Методиј во црквата „Света Софија“ со почеток во 19:00 часот.
OhridNews

















