Црвен тепих, опуштена атмосфера, одлична музика и многу убавина. Ваква беше атмосферата синоќа на платото пред аптеката „Виа Фарм“ 13, на улицата АСНОМ, на промоцијата на производи на светски познатиот козметички бренд „Embryolisse“, омилен на голем број познати ѕвезди.

На настанот припадничките на понежниот пол имаа можност да ја пробаат козметиката на „Embryolisse“, да добијат корисни совети и попусти.

Изненадувањата продолжуваат и денеска во сите аптеки на „Виа Фарм“ во регионот, со попуст на козметиката од брендовите „Bioderma“, „Weleda, RoC“ и секако на „Embryolisse“.

OhridNews