Снежната покривка која вчера го покри Охрид, изнесуваше 31 сантиметар и според Управата за хидрометеролошки работи, била за неколку сантиметри поголема од снежната покривка која била измерена во скијачките центри низ Македонија.


Во Крушево вчера биле имерени  28 сантиметри од новонаврнатиот снег, а на Попова Шапка и на Маврово по 25 сантиметри. Во другите градови биле измерени помалку од десетина сантиметри снег.

Според прогнозите, нови врнежи од снег ќе следуваат од понеделник, кога се најавува и повторно опаѓање на температурите.

Ohridnews