Охрид станува центар на хуморот: Започнува 8. „Summer Comedy Marathon“ со настап на австралиската ѕвезда Amos Gill
21.07.26 11:02
Вечерва започнува осмото издание на интернационалниот фестивал на комедијата „Summer Comedy Marathon 2026“ со настап на австралиската стенд-ап ѕвезда Amos Gill.
Пред охридската публика еден од најбараните светски стенд-ап комичари, кој настапувал и заедно со светски познатиот стендап комичар Џим Џефрис, ќе го изведе своето наградувано шоу „The Pale, Stale, Straight White Male“. Критиката шоуто го опишува како бескомпромисно, интелигентно и исклучително духовито. Неговиот препознатлив стил е комбинација од остар сарказам, брзи досетки и хумор без цензура, со кој ги преиспитува општествените стереотипи и секојдневните апсурди. Настапот ќе се одржи во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21:00 часот.
Осмото издание на „Summer Comedy Marathon 2026“ носи 21 стендап шоу на седум различни локации во двата града Охрид и Струга. Програматa започнува вечерва па се до 30 јули, по што следува кратка пауза околу Илинденските празници и продолжува повторно од 4-ти до 13-ти август.
Публиката ќе може да ги погледне шоута „Треба да разговараме“, „2 Mothers Brothers и 2 Cousins“, „Криза средних година“, „Импровокација“, „Best of“, „Sex show“, „Comedy jam“, „Црн хумор“, „На лагата“, „Аниматор по кафичима“, „Open Mic“… кои ќе бидат изведени од врвни домашни и светски имиња, претворајќи го Охрид во регионален центар на стенд-ап комедијата.
Кулминацијата на „Summer Comedy Marathon 2026“ ќе биде на 13 август, кога на стадионот „Билјанини извори“ ќе се одржи големото финале – јубилејно шоу со кое стендап комичарот Никола Тодороски ќе одбележи 15 години кариера.
Целосната програма на „Summer Comedy Marathon 2026“ може да се погледне на веб-страница hahaha.mk. каде може да се купат и билети. Резервација може да се направи на телефонскиот број 075 283 066.
Мирен граѓански протест против фемицидите, родово базираното и семејното насилство е најавен за сабота, 21 ноември, од 12 до 14 часот во Охрид Собирот ќе почне на градскиот плоштад „Св Климент Охри...
Новоопремен фитнес-центар во селото Лешани, наменет за учениците и локалното население, доби Општина Дебрца Опремувањето е реализирано со донација од почесниот конзул на Република Србија во Охрид, ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице и 67-годишно лице од Кавадарци, сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотре...