Охрид станува центар на хуморот: Започнува 8. „Summer Comedy Marathon“ со настап на австралиската ѕвезда Amos Gill
21.07.26 11:02
Вечерва започнува осмото издание на интернационалниот фестивал на комедијата „Summer Comedy Marathon 2026“ со настап на австралиската стенд-ап ѕвезда Amos Gill.
Пред охридската публика еден од најбараните светски стенд-ап комичари, кој настапувал и заедно со светски познатиот стендап комичар Џим Џефрис, ќе го изведе своето наградувано шоу „The Pale, Stale, Straight White Male“. Критиката шоуто го опишува како бескомпромисно, интелигентно и исклучително духовито. Неговиот препознатлив стил е комбинација од остар сарказам, брзи досетки и хумор без цензура, со кој ги преиспитува општествените стереотипи и секојдневните апсурди. Настапот ќе се одржи во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21:00 часот.
Осмото издание на „Summer Comedy Marathon 2026“ носи 21 стендап шоу на седум различни локации во двата града Охрид и Струга. Програматa започнува вечерва па се до 30 јули, по што следува кратка пауза околу Илинденските празници и продолжува повторно од 4-ти до 13-ти август.
Публиката ќе може да ги погледне шоута „Треба да разговараме“, „2 Mothers Brothers и 2 Cousins“, „Криза средних година“, „Импровокација“, „Best of“, „Sex show“, „Comedy jam“, „Црн хумор“, „На лагата“, „Аниматор по кафичима“, „Open Mic“… кои ќе бидат изведени од врвни домашни и светски имиња, претворајќи го Охрид во регионален центар на стенд-ап комедијата.
Кулминацијата на „Summer Comedy Marathon 2026“ ќе биде на 13 август, кога на стадионот „Билјанини извори“ ќе се одржи големото финале – јубилејно шоу со кое стендап комичарот Никола Тодороски ќе одбележи 15 години кариера.
Целосната програма на „Summer Comedy Marathon 2026“ може да се погледне на веб-страница hahaha.mk. каде може да се купат и билети. Резервација може да се направи на телефонскиот број 075 283 066.
Владата на денешната 195 седница, на предлог на Управувачки комитет во состав на министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, минис...
Мапирана и расчистена е дива депонија на улицата „Јордан Мијалков“ во Охрид при што подигнати се 20 кубни метри несоодветно депониран кабаст отпад, информираат од ЈП Охридски Комуналец Огромни коли...
На 20072026 во 20:36 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улица „Радојца Новичиќ“ во Охрид, 41-годишно лице од Украина физички нападнал 76-годишна жена од Охрид По целосно документирање на настан...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.