По 32 пат Охрид беше домаќин на фолклорната манифестација „Охридски староградски средби“, што се одржа синоќа пред платото на Центарот за култура „Григор Прличев“.

Настанот кој се одржа во согласност со мерките за заштита од Ковид 19, донесе квалитетна програма. Градскиот хор „Вокс Лихнидос“ Охрид, КУД „Пере Тошев“ Прилеп, Градски хор „2019“ Штип, КУД „Никола Бадев“ Кавадарци, Тамбурашки оркестар „Серенада“ Тетово, КУД „Илинден“ Струга и „Распеани гевгеличани“ Гевгелија, уште еднаш потсетија на огромното музичко богатство што го има Македонија, вдахнувајќи им нова енергија на познатите староградски песни од фолклорната ризница на најмузикалниот народ на Балканот.

Атмосферата на „Охридски староградски средби“, ја долови младата фотографка Анамарија Момироска.

Охрид викендов во знакот на староградскиот мелос

Г.М.
Фото: А. Момироска