Колеги од медиумите и ди-џеи од Охрид и околните градови, пријатели и естрадни уметници, синоќа во дискотеката „Парк“ присуствуваа на споменот во знак на сеќавање на Влатко Пантовски (ди-џеј Пантер) и Номче Аврамовски (ди-џеј Бруце), кои на 24 септември 2008 година трагично ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа што се случи на планинскиот превој Буково.


Претходно членовите на мото клубот „Мото Охрид“ во спомен на прерано починатите колеги од охридското „Супер радио“ извозеа почесна тура од манастирот Св. Јован Бигорски до Охрид.


охридските ди-џеи во спомен на колегите Влатко и Номче

Охридските ди-џеи своите сетови синоќа ги посветија на Влатко и Номче, кои за време на краткиот живот оставија  голем белег на клубската сцена во градот.

Ohridnews