Охрид, како и останатите делови од земјата денеска ќе бидат во портокалова – aлертна фаза. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи во текот на денешниот ден ќе преовладува сончево и многу топло со умерен до засилен југозападен ветер. Максималната температура на места ќе достигнат до +42, а во Охрид живата во термометрите ќе се искачи до +37 степени Целзиусови. Индексот на УВ зрачење исто така ќе биде многу висок и ќе изнесува 9.

Во недела се очекува мало освежување. Претпладне ќе биде сончево и топло со умерена облачност, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи и со умерен северен ветер и дневна температура помеѓу 30 и 40 степени. Во понеделник ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со засилен северен ветер и локален дожд. Утринската температура ќе се движи во интервал од 12 до 20, а дневната од 21 до 29 степени.

OhridNews