Охрид, Кавадарци и Кочани се градовите кои годинава се во трка за организирање на традиционалната, седма по ред, манифестација „Град на културата“.

Целта на манифестацијата е создавање рамномерен културен развој и достапност на граѓаните од сите делови на државата до културните вредности. Радовиш, како „Град на културата“ во 2009 година, целосно ја оправда одлуката манифестацијата да се одржи токму во ова место кое изобилува со богата културна историја. Во 2009 година Радовиш беше епицентар на низа културни активности, театарски претстави, изложби, книжевни настани, концерти на класична, забавна и на народна музика. Радува реакцијата на жителите на овој град и на сите негови посетители – велат од Министерството за култура.

Досега домаќини на оваа манифестација, покрај Радовиш, беа и Битола, Прилеп, Куманово, Штип и Велес.

Ohridnews