Околу 1000 млади денеска во 10 часот ќе запливат по чесниот крст во осветените води на Охридското Езеро на празникот Водици. Меѓу пријавените има и голем број девојки кои рамноправно ќе скокаат по чесниот крст со момчињата

Се’ е подготвено за големиот спектакл кој годинава се очекува да го проследат над 20.000 верници, велат од Здружението за целосна афирмација на МПЦ – „Богојавление“. Се очекува за Водици во Охрид да допатуваат и голем број гости, што се потврдува и со солидно исполнетите капацитети на хотелите кои специјално за Водици двојно ги намалија цените на пансионите.

Оваа година за прв пат крстот ќе  се фрла од бродот „Галеб“, а кумови на манифестацијата се Христијан Шапкар, Борис Маркулески и Олег Маленко. Со Богојавленската литургија ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј.

По повод Водици на градскиот плоштад ќе има пригодна програма, а по добриот традиционален обичај ќе се точи вино и греана ракија.

За Многу години !

Ohridnews