Репрезентацијата на Хрватска, направи голем чекор напред кон полуфиналето на Европското првенство совладувајќи ја Австрија со 27-23 (13-8) во дербито од првата рунда во групата која се игра во Виена. Хрватите со триумфот и двата освоени бодови се изедначија на табелата со Шпанија која претходно славеше над Чешка.

Избраниците на Лино Червар добро го отворија натпреварот и поведоа со 3-1 после пет минути игра. Домаќините, откако се ослободија од грчот возвратија со серија 3-0 за прво водство 4-3. Хрватите, брзо се консолидираа и прво израмнија, а потоа поведоа со 7-4. Разликата од три погодоци активна беше до самиот финиш кога хрватите со мини серија стигнас до пет позитива (13-8).

Во второто полувреме Хрватска во ниту еден момент не и дозволи на Австрија да се разигра и да намали на три негатива. “Коцкастите” на дело ги спроведоа сите замисли на Червар, кој треба и мора да биде задоволен после победата.

Посебен шмек на средбата која беше дерби на колото му дадоа поддржувачите на Хрватска. Хрватите со громогласен аплаус ги испратија “каубоите” кои најавија борба за медал на ЕП.

Првата рунда во една од двете групи од главната фаза ќе се комплетира со средбата помеѓу Белорусија – Германија.

Мх.П.