Македонската ракометна репрезентација, денеска во 18:15 часот, во „Градската сала“ во Виена против селекцијата на Австрија го игра одлучувачкиот натпревар за пласман во понатамошната фаза на Европското првенство.

Предизвикот за „црвено жолтите“ е уште поголем од билетот за главната фаза затоа што ќе играат против еден од домаќините на ЕП кој забележа две победи во првите натпревари. Австрија ја совлада Украина со 34-30 и Чешка со 32-29.

„Црвено жолтите“, имаат неколку опции, а најдобра е онаа со победа од два или повеќе голови разлика за избегнување на математиките и чекањето на исходот од вториот меч од нашата група, Украина – Чешка.

Репрезентативците на Македонија решително ќе се борат и ќе го остават срцето на терен за навивачката „фаланга“ која е најубав декор низ улиците и во салата во Виена.

Напред Македонија!

OhridNews