Бранителот на трофејот на континенталниот ракометен шампионат, селекцијата на Шпанија со триумф над Чешка ги започна натпреварите од главната фаза. Шпанците славеа со 31-25 (14-9) и запишаа нови два бодови на табелата.

“Црвената фурија”,  отпорот на Чешка го скрши после 20-тина минути игра во првиот дел кога со серија од 3-0 се одлепија на (12-8). До крајот на полувремето, Шпанија зголеми за уште еден погодок и на одмор замина со пет позитива (14-9).

Чесите околу 40-та минута за момент се вратија резултатски во игра намалувајќи на (20-17). Шпанците со три погодоци ја казнија играта седум на шест на Чешка и ја вратија предноста (23-17). Пулените на шпанскиот селектор Жорди Рибера рутински го спроведоа во мирна завршница и убедлива победа 31-25.

Мечевите од првата рунда во “Штадхале” во Виена продолжуваат со средбата помеѓу Австрија и Хрватска (18:15 часот).

Мх.П.