Од Царинската управа информираат дека во струшката испостава бил откриен обид за избегнување плаќање на увозни давачки со погрешно тарифирање на стока, од страна на фирма од Охрид.

Увозник од Охрид пријавил за увозно царинење техничка стока, декларирана во тарифна ознака со стапка за царински давачки од 0% и стапка за ДДВ од 5%. Поради сомневање во правилното распоредување на производите според царинската тарифа, земени се мостри и испратени на анализа во Царинската лабораторија.

Извршената анализа покажала дека производите треба да се распоредат во сосема друга тарифна ознака, со пропишани стапка за царински давачки од 0% и стапка за ДДВ од 18%.  

Врз основа на новоутврдената тарифна ознака пресметани биле дополнителни увозни давачки во износ од околу 210 илјади денари, а против увозникот е изготвен записник за царински прекршок.

OhridNews