Е многу сакам да…..Абе морав….морав да ја прифатам ова работа летово. Во езеро да не работиш чувар, организатор на к`пење требит да си будала и празен во ……алооооооо 33-кааааа подалеку мочај од број 22…..да да тебе ти вeлам шo ја мијаш глата со свински сапун….не не не од него….тој е 27….22 е онај шо ги перит гашчине….кај шо се познават жолтојна, мојтојна….аууу заборајв дек си скопјанец… не разбираш. Значи ЖОЛТОВИНА, МОЛТОВИНА. Е така. Немојш да одбиеш во олку чисто езеро да не се прајш важен. Абре ко ти велам нуркам по цел дена змија неможам за лек да најдам.

Значи прв пат после 57 години мана не му се најде на езерово, ниедна туристичка агенција не плати за да се прикажит дека имат внатре бактерии дека……малиии маллиии….дете…ај речи и на 17-ка ако ти е мајка потака да те однесит да се сериш не тука гледаш дека г-ѓа 31 ја мијат колата. Ајде ти се молам.

Јас уште пред години викав дека то Грчка, Мрчка, Турција, Мурција е гола вода. Нашиве забегвеа таму само ради змиштата, гнасотиите и загадена вода. И нацки ова година све е ок. Шо им фалит на Инекс, Минекс, Градиште, Мадиште…А? Е сега си ја докажаа љубовта и патритоизмот према нашето езеро, према езерото кое……..44 –кааааа ама молим те немој така. Прво ти поминаа твојте 15 минути, второ, молим те гомната бар до брегов истуркај ги после ќе си ги собериме… Е и за ова екипи си имаме. За собирање гомна. Мада искрено оставаме по некое гомце….се фалиме дека имаме ендемични кафеави видри, ко во Вардар.

Дремеа децата така без дневници. Шуќур шо дојде 2-ри август малку да…..извини….19 –ка да влезит ајдеее…..да бре ти со белите гашчи влегви….и не чешај то мадињата на песок. Цел прфут тука ќе ти се изронит, а правосмуалката ни е расипана. Друго е во вода ајде. Јасно?

Абре пуста да мавнит и правосмукалка, вчера ко ја затворивме плажава и од ко помина булдужерот, ко шо собра шишиња од јогурти, влошки искористени, еден тон најлони, кеси од смоки, чипс, соленки, кочани, мочани…..помина едно дете со правосмукалката и му се заглави едно дебело црево и рикна. Шо знам. Ваљда некој имаш срано до соблекувалнана и го имаше истурено цревото. Ам сега да се испразнит кутриот до утре да не….

Госпожа, госпожаааааа….да да 16-ка, вие со робата, ве молам од ко ќе го истајте тампонот исплакнете малку за да мојт некоја друга да го.… ти викам јас ептем е динамична ова работа. И си се најдов во неа. На почетокот ми беа некој работи нејасни ама после вторион ден веќе ми беше јасно кој со шо се хранит по гомцињата шо ги оставет по плаживе.

Здравје да му дајт на тој шо им ги даде ваучериве на гостиве зш…..72 ич не ме интересираат излегви. Абе петти пат те пуштам и ме дупиш во здрави очи, каква простата како мостата….абе ти реков купи увин чај и ќе те протерат…како?…..е аку си надвор де. Онде позади колана ќе се помочаш кај шо се мочет сите. А не не, си се заебал. Надвор срање немат. Само во езеро.

Е имат и вакви. Абре сакат да те дупит ама ние охриѓани се спремивме и за вакви лажговци. Џо неможел да се помочат, џо малку му црцкало, а јас ко шо ме дал Господ ваков не сакајќи го видов сношти. Излегов да соберам пелени, исфрлија едни ко паркираја….ам шо да прает им се посрало детенцето, а контењерон е клаен можда два должински метри подалеку. Пак ко фрлав средив и таму, све беше фрлено околу него па собрав. Ам ги разбирам можда пресунчани и ела истегни рака да го фрлиш ѓубрето внатре. Не така?

Абре одма средив. Мада малку ме измачи една гајба патлиџани беа скапани смрдасани од шо ги носеле од дома по горештиниве така да….е тогаш го видов овај шо сакат де ме дупит сега, под пенџере на ѕидон од зградана се измоча. И то богами квалитетно нормално, како коњ, изрка и одземја акна неколку балгамишта. Не бе шо шлајферица ги извај. Ам чекав да заминит да не го клам во незгодно и до тогаш се скораја.

Евааа…чек… известувањево шо ми ојт на пола сат…..ве молам сите шо ги перите гашчите ко ќе ги редите по лежалките шо ве следват со ваучерите, за да ги сушите, вртете те ги однопаку со работ напред. Зш ги перите во ладна вода и не ви доизлегвит кафеното и ЖОЛТОВИЛОТО до крај и оставате неуба глетка зш ќе врвит УНЕСКО да ги видит кафеавите видри. Значи уш еднуш ве молаааам да….

ЏИМИ

*Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите