Од 18 до 29 мај во ООУ „Бртатство Единство“ во наслебата Лескајца НУ Библиотека „Григор Прличев“ го реализираше проектот „Читаме гласни и раскажуваме“ одобрен од Министерсвото за култура и туризам како дел од Годишната програма за работа на охридската библиотека „Григор Прличев“.
Проектот се одвиваше четврта година по ред и годинава беа опфатени дваесет и две деца од второ одделение од ООУ „Братство Единство“ Лескајца. Учениците со нетрпение го очекуваа секој нареден час и не го криеја своето задоволство после секој завршен час да ги искажат своите впечатоци од веќе прочитаниот текст. Не ја изоставивме можноста овие прекрасни деца да ни го покажат и нивниот талент за цртање. Со внимание го читаа текстот, а потоа нивните вредни рачиња ја изнесуваа прочитаната содржина преку цртежи, велат од Библиотеката.
Упатуваат благодарност до директорот на ООУ „Братство Единство“-Охрид, Мехмед Џемал, и наставничките Јована Куциноска и Пана Димоска за топлиот прием изразувајќи надеж за успешни понатамошни наши соработки.
Уште од најрана возраст учениците треба да имаат изградено правилен однос кон македонскиот литературен јазик. Токму затоа е неопходно да се научат на правилно, убаво, содржајно и сликовито усно и писмено изразување како на сопствените мисли на тој јазик така и на прочитаните текстови. Токму тоа е и целта на проектот „Читаме гласно и раскажуваме“, потенцираат од Библиотеката.
Носител на проектот беше Бети Лазеска-Симоноска, а соработник Весна Симоновска и двете библиотекари во одделението за стручна обработка.
OhridNews














