Охридската чаршија вечерва ќе потоне во мрак најавуваат дуќанџиите од Здружението „Чаршиски еснаф“. Велат во 20.30 минути ќе бидат изгаснати светлата во сите дуќани, да се види како ќе изгледа чаршијата кога дуќаните ќе бидат целосно затворени, изразувајќи го револтот и незадоволството од носењето на Законот за недела неработен ден.
Соња Јосифоска вели дека прво нешто што ќе направат е доставување на барање до Општина Охрид за да можат да работат оваа недела за новогодишните празници, по што ќе се насочат кон институционално решавање на проблемот.
Ќе испратиме извесување дека ние охрдските дуќанџии овој викенд планираме да работиме со надеж дека ќе се реши овој проблем кој е бесмислен. Не се сомневам дека градоначалникот ќе застане позади нашите барања. Потоа ќе се насочиме институционално да се реши проблемот. Ако не ни е дозволено да работиме прво нешто што ќе треба да направиме е минимум да ги намалиме вработените, кој како технолошки вишок, социјален случај. Охридската чаршија во нејзиното постоење никогаш до сега немала недела неработен ден. Има туристи кои доаѓаат за викенди, Охрид најчесто е посетен во недела. Од Ковид кризата ние не преживуваме, туку на наша штета опстануваме да не ги избркаме вработените, да не создаваме социјални случаи. А сега сме соочени и со овој проблем, додава Јосифоска.
Маја Бакалова вели Охрид доколку не биде изземен од ова законско решение, ќе биде најмногу погоден туризмот.
Туристите претежно ги има за време на викендите и поголем дел од времето го минуваат токму во чаршијата. Ќе пратиме допис до сите релевантни институции. Бараме поддршка од Општина Охрид, советот во општината да изгласа дека ние треба да сме изземени од овој Закон. Разочарани сме и од пратениците, кога се носеше овој Закон како не размислуваа дека Охрид ќе ги трпи најголемите штети ако не се работи во недела. Во однос на платите за вработените никогаш не се работело за тоа дека не сакаме да ги платиме вработените, додава Бакалова.
Додава дека иако од трудова инспекција не им е официјално потврдено, веќе од 2 јануари ќе почнат со контроли на терен за дали дуќаните работат или не, посочувајќи дека со одглед дека само Охрид зависи од викенди целата испекција ќе биде насочена токму тука.
Охридските дуќанџии повторно потенцираат оти голем проблем претставува и тоа што законот не им дозволува на малите трговци да работат во недела ниту со дупли дневници, а дека тие се подготвени да ја испочитуваат таквата одредба.
Инаку, во охридската чаршија работата околу 150 дуќанџии кои се дирекно засегнати од Законот.
Н.С.Ј.














