По три дена, бродовите од охридската флота вчера испловија од градското пристаниште каде беа закотвени по потонувањето на бродот „Илинден“. Меѓу нив беше и бродот „Александрија“, кој учествуваше во спасувањето на преживеаните во бродската несреќа што на 5-ти септември се случи кај авто кампот Елешец.


Охридската флота исплови од пристаништето

Охридските бродари уверуваат дека бродовите на Охридското Езеро се сигурни. Тие изразија жалење за жртвите во големата несреќа, која според нив нема да влијае на нивната работа.

Ohridnews