Полициските службеници ќе вршат обиколка и контрола на угостителски и други јавни објекти поврзани со спроведување на мерките за спречување на внесување, ширење и сузбивање на корона вирусот како и доследна примена на хигиенско-безбедносните протоколи за работа на кафетериите и угостителските објекти за исхрана, најави СВР Охрид.

Со цел доследна примена на безбедносно-хигиенските мерки и протоколи за заштита од Ковид-19, но и почитување на одредбите од Законот за угостителство и другите законски одредби, СВР Охрид, во координација со други институции, презема интензивни превентивни и други активности за зачувување на стабилната безбедносна и здравствена состојба. – соопшти полицијата.

По зголемувањето на бројот на нови случаи со Ковид 19, Владата на предлог на Комисијата за заразни болести усвои нови протоколи кои предвидуваат ограничување на работното време на угостителските објекти, исто така и на бројот на посетители во нив, како и мерки со кои се ограничува настапот на музучари и диџеи.

OhridNews