Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ преку Електронскиот систем за јавни набавки распиша тендер за набавка на нова машина за миење на возила со топла вода. Огласот е во тек. Критериум за набавката во која ќе се реализира по принципот на негативно наддавање, е најниска цена.

Јавното претпријатие „Комунално“ од Струга, пак, распиша три огласи, од кои два се за јавно приватно партнерство. Првиот за собирање и селекција на хартија и пластика, а вториот за концесија за пазар на големо во Струга. „Комунално“ распиша и оглас за вршење услуги со специјално возило-пајак.

OhridNews