Претседателот треба да продолжи со работата во координативното тело на музичките здруженија на РМ кои имаат цел и веќе се во завршна фаза после еднoгодишни активности да се озакони музичката дејност како стопанска дејност беше еден од заклучоците во однос на програмските определби на Здружението на музичари „Охридски музички еснаф“ на нивното одржаното 3-то редовно годишно собрание.
Со ова естрадните уметници-музичари ќе добијат можност да регистрираат дејност и да бидат дел од севкупната економија на државата, но и да ја имаат нејзината заштита како стопанска гранка во својство на групација и членка на Сојузот на стопански Комори, велат од Здружението на музичари „Охридски музички еснаф“.
Очекувањата на здружението се дека новата локална самоуправа и градоначалникот ќе посветат малку повеќе внимание и разбирање за музичката култура и охридската староградска музика.
Се надеваме дека попосветено ќе пристапат на овој културен музички феномен, така што, со заеднички напори и ентузијазам ќе успееме да ја задржиме и унапредиме традиционалната охридска староградска музика како еден од најпрепознатливете одлики или брендови на самиот Охрид и Македонија, додаваат од здружението.

Во однос на работата на раководството на здружението по детална анализа едногласно се донесе заклучок дека истото си ги завршило сите поставени програмски цели во изминатиот период. Донесена беше и одлука за измена на статутот на здружението во делот на мандатите на избраните функционери од 1 год на 4 год.
Охридскиот музички еснаф со охридска старогратска музика ќе биде дел од новогодишната програма организирана од општина Охрид на 1 јануари, информираат од здружението.
Н.С.Ј.












