Има нова магија во Охрид. Се шири кругоТ со приказни за непознатото познато, се разнесе нова енергија. Има голема привлечност да се биде дел од тој нов сон. Како да се спушти чудо од друга планета и вратите од тој вселенски брод се отворија со светлина. Народот е озрачен, што зрачи таму внатре? Во Косел не се разбуди вулканоТ. Не, таму во полето покрај регионалниот пат трепериТ светло во Охридскиот регион.

Мое внуче (добро воспитано дете) со години ме вика: чичко Влатко. Немора ‘чичко’, редовно му нагласувам. Овој додаток ме прави многу постар, но чувството е пријатно: ‘чичко’… Тој ми се пофали со гордост дека ќе работи во тие осветлени простории. И други блиски од мај месец до септември во Охрид ми зборуваа често за ‘таму’. Воодушевени се луѓето од богатите услови кои се за нас во западов без дискусија стандардно загарантирани и имплементирани законски. Но, македонската судбина има свои мали букви во упатството за живот. Едноставно на луѓето им се згади од ‘диктатори’ по различни фирми. Народот доволно пати во ропство во ‘рѓосан живот под такви безобразни директори кои се нарекуваат сами ‘газди’. Сите сакаме да сме почитувани (како чичко), да сме некој или нешто. Почит, права и поддршка, тоа сака народот. Да постоиш, да си некој, да имаш повеќе сигурност, надеж, квалитетен живот и да си ценеТ. Во Охрид има нови можности. На стотици семејства им се запали одново огноТ во разни фирми кои се тргнати по модерни патишта. Другите фирми сами ќе си ја научат лекцијата, дека кај конкуренцијата е позелена тревата. Да се надеваме.

Со децени ми се познати сите секојдневности во Македонија. Од лични искуства, од реалноста и од свежо размислување како обичен сведок на животот, како секој граѓанин. Се испразна државата, нема луѓе за разни струки. Има илјадници во Македонија кои чекаат работа спрема струката. Но, каде ќе работат тие во Македонија. Никаде. За жал и тие што се, еден дел од тие без работа не сакаат „под ниво“ да работат. Ајде разбери се.

Идинината ќе докаже како ќе биде кај ‘новата светлина’ во Охридскиот регион со нивните добри услови. Таму се произведува за скапи странски брендови, ама и тие за џабе не инвестираат во малата Македонија. Тој бизниз модел е јасен: што поевтино да се направи нешто со ниски трошоци за висок профит. Тоа не е некоја висока математика. Засега е ‘win-win’ ситуација за сите. Во ред тоа се ама и Македончето и Македонката сакаат да сјааТ  и да бидат почитувани. Ако остане тоа така, сите фирми странски во Македонија да држаТ до зборот, со добра работа и можности за народот (не да се потат за некој смешни безвезни плати), ако остане светлото да свети, тогаш ќе има добра идина во Македонија.

Се гордеам кога внукот ми вели дека е пресреќен со новата работа во Косел. Иако не добива западна плата ама за Македонија не е лошо. А има и полошо. Очите му светеа како прскалици. Тие ѕвездички кои ги видов кај него ме израдуваа длабоко во срцето и мене. Зборуваше ко да ќе работит во Sillicon Valley во Калифорнија, или пак во Facebook, Google, Apple, Amazon, Twitter, Uber… Ама неговата иднина ќе биде засега во близина на планините помеѓу Вапила и Лакочереј. Иако е тежок животот во Македонија, иако сме во долга празна осамена чекална за Европската унија, автобусот еден ден и во Македонија ќе ги отвори ЕУ-вратите. Внуков ќе биде почитуван,  оти издржал на историски тешкиот пат. Како и сите други кои останаа во Македонија. Една ваква приказна од него кажува многу, многу повеќе од илјадниците негативности кои се случуваат во државата околу нас.

Влатко,
Амстердам

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите