Дамјан во мај 2009 беше избран меѓу илјадници млади гитаристи од целиот свет да настапи во финалето на најголемиот светски натпревар “Guitar Idol” заедно со уште 11 конкуренти. Свири гитара од својата 6-та година и за многумина тој е наследникот на легендарниот Влатко Стефановски. Сепак, Дамјан е свој во музичкиот израз, по што го препознаваат во земјата и надвор од неа. Сонува со отворени очи, а своите амбиции, желби и планови, ексклузивно ги открива во новото издание на емисијата „Охридски разговори“ што OhridNews ја реализира во соработка со „Лабино продукција“.
„Охридски разговори“ со Дамјан Пејчиноски