Шеснаесетгодишната Филис Ајруш од Охрид го освои првото место во финалето на Олимпијада за заштита на животната средина Global Environmental Issues – US ( GENIUS 2013 ) project olympiad, која се одржува во Њујорк – САД. Успехот да биде поголем се погрижија исто така талентираните млади ученици од Охрид Никола Таштаноски и Бранка Бунташеска, инаку стипендисти на Приватното средно училиште „Јахја Ќемал“,освоија сребрен медал на Олимпијадата.


Победничката фотографија на Филис Ајруш на Еко – Олимпијадата во САД

Фотографијата на Филис која е прикажан цвет среде депонија и која  пренесува  универзална порака,победи помеѓу избраните 325 проекти од  вкупно испратените 769 од целиот свет.

– Често можеме да видиме расфрлан отпад наоколу  дури и во најубавите места во околината на Охрид. Природата е преубава, но за жал несовесните граѓани многу често ја загадуваат фрлајќи отпад и градежен шут. Секој од нас може многу да придонесе за заштита на околината. Ако ја чуваме и негуваме сите ќе имаме корист од тоа, изјави младата Филис вo интервуто за OhridNews направено пред заминувањето на олимпијадата во САД.


Филис е стипендистка на Приватното средно училиште „Јахја Ќемал“ од Струга. Освен фотографирањето, Филис има постигнато и големи успеси при пишувањето на есеи. Беше првонградена меѓу  450 пријавени средношколци на одржаниот натпревар за најдобар есеј на македонски или англиски јазик по повод 50 години од говорот на Мартин Лутер Кинг, а се вброи и меѓу најдобрите кои напишаа есеј  на македонски јазик на тема: „Крсте Петков Мисирков“.

OhridNews