Охридскиот аеродром ќе се реконструира во 2010 година?!
26.08.09 00:05
Турската компанија „Тав“ ќе го преземе стопанисувањето со аеродромите во Охрид и Скопје во 2010 година. Владата го прифати барањето на турскиот инвеститор кој втор пат побара одложување на преземањето на македонските аеродроми. На последната владина седница била донесена одлука дека новиот и последен рок за преземање на аеродромите е 1 март идната година.
Причина за новото одложување повторно е светската економска криза поради која во декември лани рокот за преземење на охридскиот и скопскиот аеродром и изградба на карго аеродромот во Штип беше пролонгиран за 9 месеци.
Договорот за издавање на македонските аеродроми под концесија беше потпишан во септември 2008 година. Концесијата е на 20 години, а „ТАВ” најави инвестиција од околу 200 милиони евра. Со договорот се предвидува реновирање на аеродромот во Охрид, кое како што е најавено ќе трае 12 месеци. Скопскиот аеродром ќе се реновира 24 месеци, а изградбата на карго аеродромот во Штип ќе трае 36 месеци.
Театарската претстава „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле на репертоарот на Народен театар Охрид во сабота, 03102026 година, со почеток во 2000 часот Актерската екипа на претставата ја сочинува Ст...
Образовен настан посветен на европските вредности, можностите што ги нуди програмата Еразмус+ и размена на добри образовни практики со кои се отвораат нови перспективи за локалното основно училиште...
На 28092026 во 01:25 часот, полициски службеници од СВР Охрид од слобода лишија 24-годишно лице од Охрид Тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка По целосно документирање на настанот...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.