Охридскиот алпинист Димитри Димитров од Алпинистички Клуб „Патагонија“ од Охрид и уште тројца членови на Алпинистичкиот Клуб „Матка“ од Скопје, започнаа со реализација на акцијата  „Малтатал – Австрија“.


Целта на акцијата е да се припремат што поголем број на алпинисти за качување на мраз, за подоцна истите дополнително да бидат подготвени за посериозни искачувања, за време на лерниот период на Алпите под врвот Монт Блан. Периодот на реализирање на оваа акција е од 10.02.2013 до 17.02.2013.


Малтатал е долината на реката Малта која тече низ централно-источните Алпи во Австрија. Долината е развиена во врвен центар за искачување на мраз. Многустраноста на центарот нуди одлични можности за секој алпинист, без разлика дали е почетник или експерт.


Замрзнатите водопади се лесно достапни  и се безбедни од лавини при нормални снежни услови.

Ohridnews