Охридскиот боксер Наум Стојаноски најборбен на „Златен гонг“
17.11.25 13:06
Изминатиот викенд во Скопје по 54 пат беше одржана традиционалната боксерска манифестација „Златен гонг“. На овој престижен меѓународен боксерски турнир учество зедоа натпреварувачите од неколку боксерски земји меѓу кои беа Англија, Молдавија, Австрија, Бугарија, Турција, Хрватска и други.
Боксерскиот клуб „Алексо Огненовски” учество зеде преку својот претставник во 70 килограми Наум Стојаноски како дел од Македонската репрезентација.
Во финалната пресметка Наум ги вкрсти ракавиците со шампионот на Англија, Рио Гордон од кој беше поразен во една тесна лавовска борба. На крајот мораше да се помири со сребрениот медал и пехарот за најборбен боксер кој им беше доделен на обајцата боксери. Инаку освојувач на овогодинешниот Златен гонг беше македонскиот боксер Ален Рустемовски од Битола, додека признанието за најдобар домашен боксер го доби неговиот брат Адријан Рустемовски.
Следниот предизвик за Стојаноски е меморијалниот турнир „Великани лозничког бокса“ кој ќе се одржи следниот викенд во Лозница, Србија.
Вечер со искрен хумор и директни муабети донесе шоу „Треба да разговараме“ кое публиката имаше можност да го погледне вчеравечер во Cuba Libre во рамки на „Summer Comedy Marathon” Комедија што отво...
Заложбите, посветеноста и заедничката работа на локалната и централната власт, институциите и сите чинители вродија со плод Искрено се радувам на одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕС...
Охридскиот регион во оваа фаза нема да биде ставен на листата на светско наследство во опасност и ќе го задржи статусот на светско природно и културно наследство на УНЕСКО Ова претставува значаен д...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.