Прв самостоен концерт на oхридскиот детски хор „Бамбино“ ќе се одржи денес со почеток во 19 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ под мотото „Музички патувања – Песни од пет континенти“.

Младите хористи ќе приредат музичко патување низ различни земји и култури, изведувајќи песни од Австралија, САД, Русија, Куба, Јапонија, Кина, Италија, Јужноафриканската Република и Македонија.

На концертот ќе настапат и специјалните гости – Женски хор „Acordis“, како и Охридскиот камерен оркестар, а диригент на концертот е Снежана Караџовска-Попова.

Влезот за концертот е слободен, а организаторите ги покануваат сите љубители на хорската музика да бидат дел од ова музичко доживување.

OhridNews