Хорот при Центарот за култура ,,Григор Прличев” од  Охрид во текот на изминатиoт викенд настапи на концерт во Бар, Црна Гора. Гостувањето беше на покана на хорот ,,Антивари музика”, кој пред две години одржа концерт во Охрид.


Со заедничкиот концерт кој се одржал во Домот на културата во Бар, бил под раководство на диригентот  м-р Александар Димоски од Охрид и Миро Крушчевиќ од Бар.


Директорката на Охридскиот центар за култура, м-р Драгана Боцевска вели дека ова гостување значи многу за развој на хорското пеење во Охрид и очекува дека соработката со хорот од Бар ќе продолжи и во иднина. 

OhridNews