Со цел да разубави просторот на охридскиот плоштад, во пресрет на Велигденските празници, денеска на тревната површина пред споменикот „Свети Климент Охридски“ беа поставени велигденски реквизити.

Локалната самоуправа, секоја година ќе обезбедува нови реквизити кои ќе го красат градот за време на Велигденските празници. Целта на оваа активност е да се создаде празнична атмосфера во центарот на Охрид која е погодна за забава и фотографирање, велат од Општина Охрид.
OhridNews














