Почнувајќи од овој викенд, познатиот трговски ланец „Топ Маркет“ на „Семафор комерц Р“, вон сезона нема да работи во неделите. Исклучок ќе биде продолжениот празничен викенд за 11 Октомври, кога се очекува и последниот поголем бран гости во градот.
Компанијата претходно најави дека од октомври 2020 година „Топ маркет“ нема да работи во неделите, се до почетокот на наредната туристичка сезона април – мај 2021.
Доколку на лето навистина имаме потреба од продолжено работно време и работа 24-7, без оглед дали е празник или викенд, вон сезона тоа не е така. По завршување на шпицот на сезоната Топ маркетите нема да работат во недела, односно недела ќе биде неработен ден за сите наши вработени. – ја образложи деловната одлука менаџментот на компанијата „Семафор комерц Р“, сопственик на трговскиот бренд „Топ маркет“.

OhridNews











